Испечати

Јогурт салата

Јогурт салата

Состојки

  • 1/2 л јогурт
  • 40 гр желатин (или едно пакетче)
  • малку сол
  • 3 лажици мајонез
  • по малку на коцкички сецкан варен морков ,шунка,кашкавал, сирење, варени јајца(2)

Подготовка

На Љиљана Илиева искрено и балгодарам за овој прекрасен рецепт.
1. Желатинот се става во вода да набубри.
2. Се промешува јогуртот со желатинот на тивок оган додека желатинот не се стопи. Јас, желатинот од кесичка, го ставам директно во јогуртот и мешам на оган додека не се затопли јогуртот. Се трга настрана, се вмешуваат коцкичките од различните продукти, се додава мајонезот, се измешува добро и се истура во модла која предходно е навлажнета со вода.
3. Одкако добро се излади (најмалку после 4 часа), се превртува модлата во чинијата за сервирање и по желба се украсува. Јас ја правам салатата од вечер и така сум сигурна дека добро се стегнала.
Оваа салата не само што многу освежува туку и изгледа извонредно, па е прекрасен украс на масата.