Саварини
Италијански рецепт, многу сличен на грчките Бабадакии, но со покомпактна структура од нив.
Ставете ги квасецот и шеќерот во млекото, измешајте и оставете ги 5-10 мин.
Во подлабок сад ставете го брашното, додадете го одстоениот квасец со млекото и останатите состојки, па со шпатула убаво се измешајте. Покријте го садот со најлон фолија и оставете го на топло 30 мин, ако не и повеќе ако не е доволно топла просторијата.
Во меѓувреме загрејте ја водата и шеќерот и оставете да врие околу 2 минути откако ќе се стопи шеќерот. На крај додадете ја аромата на портокал. Додадете и рум доколку е по ваш вкус. Измешајте и тргнете на страна.
Нараснатото тесто распоредете го во подмачкани калапчиња, кои ќе ги полните до 2/3. Така наполнети оставете ги да одстојат и да нараснат до горе во калапите, па потоа ставете ги да се печат.
Кога ќе подоладат, се вадат од калапите и се засекуваат на горниот дел, па се макаат во спремениот шербет.
Засечениот дел или пак длабината на мини куглоф калапчињата (доколку одберите таква форма) се полнат со изматен шлаг или слатка павлака и одозгора се украсуваат со црвен или жолт мармалад, овошен гел или пак некое кандирано овошје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови