Руски бељаши со лук
1. Во длабок сад ги ставаме млекото, шеќерот, квасецот, маслото, солта и убаво ги промешуваме полека додавајки го брашното. Потоа се замесува тестото и се чека да стаса.
2. Кромидот и лукот ситно се сецкаат и се додаваат кај меленото месо и се зачинуваат со сол и бибер.
3. Од стасаното тесто правиме тенки кругови околу 10 см и на секоје кругче се става по една лажица филот од месото. После кругчето се затвара, но не до крај, за да се гледа месото, така добиваме топчиња од тестото со месо во средината.
4. Бељашите се пржат во тава со врело масло, прво на страната со месо, потоа се допржува од другата страна додека не се зарумени.
5. Готовите бељаши се завиткуваат во салфети за да се впие вишокот од маслото.
Лукот дава посебен вкус и арома на бељашите.
На здравје! Многу вкусни и сочни бељаши ! :)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови