Бељаши - Руски пирошки
Еден традиционален рецепт од студениот Сибир. По традиција во Сибир овој рецепт го служат како главно јадење, ама според мене кај нас би се јадел за појадок. Во основа рецептот претставува пирошка со мелено месо и специфична форма.
Традиционалниот рецепт е без фант, но и вака е многу вкусно.
Путерот се растопува, млекото се стоплува и во длабок сад се измешуваат квасецот, млекото, шеќерот, јајцата и стопениот путер.
Во друг сад се става брашното и се додаваат претходно подготвените течни состојки.
Тестото се меси и се остава да стаса за 30 минути, потоа се размесува и повторно се остава на топло. Процедурата се повторува уште еднаш. Од готовото тесто се кинат топчиња, се расукуваат и во средината се става од филот 1 лажичка. На крајот се затвораат при што треба да остане дупка во средината за да се гледа месото.
Се пржат во загреано масло и секогаш се ставаат со отворот нагоре.
За филот се спрема фантот и се додава на местото. Исто така се додава и насечкан кромид, сол и црн бибер.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D1%80%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%B8%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%BE-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%BE/