27
апр
2014
Руска салата со павлака и мајонез
Најпрво со сите ќе се сложам дека руска салата се прави со мајонез.
Но ви предлагам сите состојки да ги соедините со павлака и мајонез.
Така салата е многу посвежа и посочна.
Значи сите состојки треба да се исецкаат на многу мали коцкички (освен грашокот)
Се ставаат во вангличка, се зачинува по вкус и се додаваат павлаката и мајонезот.
Декорирајте и сервирајте според вашата машта.
Пријатен апетит.
Лиценца: Сите права се задржани