Испечати

Руска салата со павлака и мајонез

Руска салата со павлака и мајонез

Состојки

  • 500 гр кашкавал
  • 500 гр шунка ( пилешка или свинска)
  • 500 гр обарен морков
  • 500 гр варени компири
  • 300 гр конзервиран грашок
  • 300 гр кисели краставички
  • 300 гр кисела павлака
  • 300-400 гр мајонез
  • сол, бибер

Подготовка

Најпрво со сите ќе се сложам дека руска салата се прави со мајонез.
Но ви предлагам сите состојки да ги соедините со павлака и мајонез.
Така салата е многу посвежа и посочна.

Значи сите состојки треба да се исецкаат на многу мали коцкички (освен грашокот)
Се ставаат во вангличка, се зачинува по вкус и се додаваат павлаката и мајонезот.
Декорирајте и сервирајте според вашата машта.
Пријатен апетит.