Рецептите за овие намази ги најдов на интернет и решив да ги подготвам. Навистина се изненадив од одличниот вкус, во комбинација со крекерите. Домашните беа одушевени, па ви ги препорачувам и на вас.

Рузмарин крекери
Почнуваме со подготовка на тестото. Од сите наведени состојки се замесува тесто. Се остава во фрижидер на 30 мин, па се развелкува танка кора и се вадат форми по желба. Се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, 10 мин. Се послужуваат во комбинација со намаз по желба или може да се грицкаат како грицки.

Продолжуваме со подготовка на намазите.

Намаз од туна
Туната ја цедиме од течноста во која стоела и го додаваме маслиновото масло и останатите состојки. Се убаво се блендира и се послужува со крекерите.

Алпски намаз
Биеното сирење се ренда на ситната страна од рендето, се додава и магдоносот или власецот и се убаво се меша. Во посебен сад се мешаат урдата, крем сирењето, киселата павлака и зачините, убаво се меша, па се додава во садот со сирењето. Зависно колку густ намаз сакате, павлака може да се додаде помалку или повеќе од наведеното. Смесата кратко ја блендираме. Ја оставаме во фрижидер на 1 час, за убаво да се спојат мирисите и вкусовите, па може да се сервира.

Ѕаѕики
Крставиците се рендаат на крупната страна, се посолуваат да пуштат вода. Потоа водата се цеди и во нив се додава протиснатото лукче и останатите состојки, мешаме се заедно и оставаме во фрижидер, па потоа се сервира.

Авокадо намаз
Авокадото го сецкаме на коцки, го додаваме лимоновиот сок и пасираме со вилушка, за да останат и некои парчиња. Чешнето лук се протиснува, го додаваме во авокадото и плус и останатите состојки. Се убаво промешуваме и кратко блендираме, да добиеме крема, готово е за послужување.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови