Рузмарин кекси и намаз од туна, Алпски намаз, Ѕаѕики и Авокадо намаз
Состојки
- Тесто за крекери
- 230 гр брашно
- 80 гр путер
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка кари
- 1 јајце
- 6 лажици ладна вода
- 2 лажици рузмарин
- Намаз од туна
- 180 гр туна
- 30 гр путер
- 3 лажици мајонез
- 1 кисела крставичка
- 2 лажици маслиново масло
- 2 солени сардини
- 2 чешниња лук
- Алпски намаз
- 200 гр. кравја урда
- 100 гр. свежо кравјо крем сирење
- 2-3 лажици кисела павлака
- 80 гр Ементалер сирење (јас користев кравјо биено сирење)
- 2 лажици сув магдонос или власец
- мелена црвена пиперка (лута или блага)
- малку ким
- Тзатзики
- 2 долги крставици
- 4 чешниња лук
- пола везичка миродија (јас користев сува)
- 400 мл цврст јогурт
- малку маслиново масло
- Авокадо намаз
- 1 зрело авокадо
- 2 лажици крем сирење
- 1 лажица маслиново масло
- 1 мало чешне лук
- 1-2 лажици лимонов сок
Подготовка
Рецептите за овие намази ги најдов на интернет и решив да ги подготвам. Навистина се изненадив од одличниот вкус, во комбинација со крекерите. Домашните беа одушевени, па ви ги препорачувам и на вас.
Рузмарин крекери
Почнуваме со подготовка на тестото. Од сите наведени состојки се замесува тесто. Се остава во фрижидер на 30 мин, па се развелкува танка кора и се вадат форми по желба. Се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, 10 мин. Се послужуваат во комбинација со намаз по желба или може да се грицкаат како грицки.
Продолжуваме со подготовка на намазите.
Намаз од туна
Туната ја цедиме од течноста во која стоела и го додаваме маслиновото масло и останатите состојки. Се убаво се блендира и се послужува со крекерите.
Алпски намаз
Биеното сирење се ренда на ситната страна од рендето, се додава и магдоносот или власецот и се убаво се меша. Во посебен сад се мешаат урдата, крем сирењето, киселата павлака и зачините, убаво се меша, па се додава во садот со сирењето. Зависно колку густ намаз сакате, павлака може да се додаде помалку или повеќе од наведеното. Смесата кратко ја блендираме. Ја оставаме во фрижидер на 1 час, за убаво да се спојат мирисите и вкусовите, па може да се сервира.
Ѕаѕики
Крставиците се рендаат на крупната страна, се посолуваат да пуштат вода. Потоа водата се цеди и во нив се додава протиснатото лукче и останатите состојки, мешаме се заедно и оставаме во фрижидер, па потоа се сервира.
Авокадо намаз
Авокадото го сецкаме на коцки, го додаваме лимоновиот сок и пасираме со вилушка, за да останат и некои парчиња. Чешнето лук се протиснува, го додаваме во авокадото и плус и останатите состојки. Се убаво промешуваме и кратко блендираме, да добиеме крема, готово е за послужување.