Ружа кифли
Помешајте го топлото млеко со квасецот и шеќерот и оставете ги да се запенат и подигнат.
Во садот во кој ќе ги месите кифличките, помешајте брашно, сол и додајте масло. На крај, измешајте ја павлаката, а потоа додајте го и квасецот и замесете мазно тесто оставете да стаса.
Од тестото направете топчиња со големина на орев,секое топче расукајте го и преклопете го прво на половина потоа на четвртина. Со три четвртинки залепени еден до друг формирате ружа која ја ставате во подмачкан силиконски калап за мафини.
Распоредете ги во силиконски калап за мафини, премачкајте со жолчка и поросете сусам,печете на 200 степени половина час се додека не добијат убава златна боја.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани