1. Во еден сад се ставаат лешниците, бисквитите, шеќерот, фантата и екстратот од јагода и се мешаат да се соедини смесата и потоа се додава прехрамбената боја по желба.
2. Откога ќе се добие убава цврста смеса се става 1,5-2часа во фрижидер.
3. Потоа се вади и се прават мали топчиња и повторно се ставаат во фрижидер уште 30мин.
4. На оган се растопува чоколадото со маргаринот и зејтинот.
5. Во корпици за колачи се става 2 мали лажички од растопеното чоколадо и едно топче и се остава да се олади чоколадото пред да се послужат

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови