Романтични бомбици со вкус на јагода
Состојки
- 300гр мелени лешници
- 200гр мелени бисквити
- 300гр шеќер во прав
- 160мл фанта
- 300гр млечно чоколадо или за готвење
- 180гр маргарин
- 1 голема лажица зејтин
- по потреба/желба екстракт од јагода и прехрамбена боја
Подготовка
1. Во еден сад се ставаат лешниците, бисквитите, шеќерот, фантата и екстратот од јагода и се мешаат да се соедини смесата и потоа се додава прехрамбената боја по желба.
2. Откога ќе се добие убава цврста смеса се става 1,5-2часа во фрижидер.
3. Потоа се вади и се прават мали топчиња и повторно се ставаат во фрижидер уште 30мин.
4. На оган се растопува чоколадото со маргаринот и зејтинот.
5. Во корпици за колачи се става 2 мали лажички од растопеното чоколадо и едно топче и се остава да се олади чоколадото пред да се послужат