Сите сакаме јајца, но понекогаш ни е потребен предизвик и бараме нови начини на припрема. Затоа, сакам да испробам нови рецепти кои ги прилагодувам на мојот вкус. Обично чувам природни селски јајца во фрижидерот кои ги сметам за многу скапоцени, бидејќи е тешко да се најдат.

Овој појадок си го припремив за себе. Го комбинирав со домати и го прескокнав лебот. Доволно беше да ме задржи сита до ручекот.

Подготовка

1. Во подлабока чинија изматете ги јајцата, млекото и кромидот. Зачинете со сол и бибер, додајте ги листовите од магдонос и целер.
2. Стопете го путерот во тавче на средна температура. Истурете ја смесата со јајца во тавата и формирајте палачинка. Печете 2-3 минути. Користев Делимано тава со рачки и капак.
Потоа, додадете го кашкавалот и наредете ги парчињата пршута над сирењето. Покријте со капак и оставете да се пече уште 2-3 минути. Префрлете ја палачинката на чинија и убаво замотајте ја.

Послужете со свежи домати.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови