Ролнички од печени пиперки
Идеја како да си припремите вкусно предјадење од сезонскиот зеленчук што сега ни е на располагање...
Прво, пиперките се печат, па се лупат и се чистат од семките. Од пиперките се прават листови од кои потоа излегуваат ролничките. Тоа значи дека пиперките треба да се големи и здрави и да нема цепнатинки кај нив, за да не ви истече филот. Вака спреманите пиперки се оставаат да се исцедат од водата, а во меѓувреме се спрема филот.
Во сечко се ставаат сирењето, маргаринот, магданосот, ориганото, мелениот бибер и чешнето лук. Смесата се пасира и во неа се ренда шунката и сето повторно се меша.
Потоа, се зема по еден лист пиперка и на неа се става по две лажички од приготвениот намаз. Пиперките се ролуваат да изгледаат како да се цели.
Грил тавата се попрскува со масло за јадење и на неа се редат ролничките од пиперки. Се остава да се потпечат и да се растопи сирењето. При тоа се внимава да не се преметкуваат премногу, за да не истече смесата надвор.
Пиперките се највкусни и спремни за јадење кога ќе се подизладат малку.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови