Пенасто изматете ги жолчките и пет лажици шеќер. Во посебен сад изматете ги белките со преостанатите пет лажици шеќер.
Во жолчките внимателно додадете го брашното и орасите. Постепено додадете ги и белките.
Печете во плех од шпорет на хартија за печење. Се пече на 180°степени околу 25 мин.
Испечената кора веднаш префрлете ја на крпа и свиткајте ја како ролат. Оставете кората убаво да се излади.
Фил
Пудингот сварете го со 500 мл. млеко и шеќерот оставете убаво да се излади на собна температура покриен со стреч фолија да не фати кора.
Путерот се мати со шеќерот во прав и се соединува со пудингот.
Чоколаден прелив.
Чоколадото постепено го топиме на переа заедно со млекото.Ролатот го премачкуваме со топеното чоколадо потоа го премачкуваме со филот и мотаме.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани