На изглед многу сличен на ролат кој го објавив пред некое време, ама на вкус и по состојки сосема различен. Кога ќе почневме да се блажаме со него не можевме да престанаме да го јадеме...Е па бидејќи е сезона на ореви, може да си го подготвите, не одзема многу време...

Подготовка
1. Путерот пенасто го матиме и додаваме засладено кондензирано млеко, матиме да се соединат.
2. Кон оваа смеса додаваме мелени бисквити, мелени ореви, ренданите чоколади и сечканите желе бонбони.
3. Половина од соединетата смеса ја распоредуваме во калап обложен со најлонска фолија.
4. Во средината ставаме излупена банана која ја покриваме со остатокот од смесата.
5. Покриваме со фолијата, измазнуваме и го ставаме калапот во фрижидер да се соединат вкусовите и да се стегне колачот.

Забелешка
Ако калапот е силиконски, нема потреба да ставате најлонска фолија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани