Видео рецепт: Леб со банани и чоколадо
Леб со банани или колач со банани, како што повеќе му прилега, е одличен брз рецепт кој можете да го направите кога имате бајати банани останати во домот. Овој рецепт подобро успева со бајати банани кои веќе почнале да стануваат кафеави… Овде ставаме и чоколадо, но одлично би одговарале и ореви.
Состојки
- 125 грама бајати банани
- 125 грама брашно
- 75 грама шеќер
- 1 јајце
- Половина кафена лажичка сол
- 50 грама путер
- 1 кафена лажичка прашок за пециво
- 75 грама темно чоколадо
Вид на оброк: Десерт
Комплексност: Лесно
Лица: 4
Време на подготовка: 30-60 мин.
Подготовка
Чекор 1: Полека стопете го путерот во тава на среден оган. А потоа оставете го да се излади.
Чекор 2: Испасирајте ги бананите во чинија со вилушка. Од некоја чудна причина ова ни претставува задоволство!
Чекор 3: Исечкајте го чоколадото на мали парчиња. Овде користиме квалитетно млечно чоколадо, но би одговарало и темно или бело чоколадо.
Чекор 4: Измешајте ги сувите состојки во длабок сад. Шеќерот, брашното, прашокот за пециво и солта. Смесата треба да биде растресита.
Чекор 5: Земете едно јајце и изматете го, заедно со изладениот стопен путер. Сега сме спремни да ги измешаме сите компоненти заедно.
Чекор 6: Ставете ја смесата од јајце и путер заедно со испасираните банани и парчињата чоколадо во смесата со брашното и нежно измешајте со дрвена лажица – нема потреба да претерувате со мешање.
Чекор 7: Земете го Делимано калапот за векни и нежно намачкајте го со путер пред во него да ја сипете смесата. Ставете го во рерна на температура од 160 степени околу 45 до 50 минути.
Чекор 8: Едноставно превртете ја векната и ставете ја на чинија за сервирање. Оставете го лебот да се излади 10 минути пред да го исечете. Не морате да ставате уште путер. Ова веќе е слатка закуска!
СОВЕТ: За подготовка на лебот со банани се потребни само 5 минути и можете набрзина да го подготвите за пријателите кои Ви доаѓаат на кафе. Ставете парчиња суви банани одозгора за декорација, или направете двојно повеќе смеса и изпечете и мафини!
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Сад за сос ; Сет од 5 калапи
>