За овој ролат многу ми помагаше мојата помала ќерка, која сака да гледа и да учествува во приготвувањето.

Подготовка:

1.За пандишпан - Сварете ја тиквата и испасирајте ја. Јајцата изматете ги, додајте шеќер, тиква, млеко и брашно. Се убаво промешајте и ставете да се пече. Испечениот пандишпан завиткајте го во ролат и оставете да остине.
2. За фил - Изматете слатка павлака. Мандарините исечете ги на коцки и додајте ги во павлаката. Ролатот премачкајте го со филот. Одозгора премачкајте со останат шлаг. Ставете во фрижидер на 1 час. Украсете со шлаг и мандарини.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани