Розети со спанаќ и сирење
Квасецот растопете го во дел од млекото, додадете 1 лажиче брашно и половина лажиче шеќер. Оставете да стаса.
Во длабок сад ставете го брашното, шеќерот, солта, зејтинот, јајцата, додадете го стасаниот квасец и постепено додавајќи од млекото замесете меко, мазно и еластично тесто кое не се лепи за рацете. Убаво измесете го тестото па вратете го во садот да стасува.
За тоа време подгответе го филот. Замрзнатиот спанаќ ставете го во мало тенџере на тивка температура да се одмрзни. Пржете го без додаток на маснотии се додека испари цела течност. Оставете да се олади, ситно исецкајте го па додадете го издробеното сирење. Модлите за мафини намастете ги и набрашнете ги. Рерната вклучете ја да се загрева на 180°.
Работната површина намастете ја со зејтин. Истресете го тестото врз неа и без да го премесувате развлечете правоаголна кора со дебелина од 1см. Премачкајте ја со омекнатиот маргарин и распоредете го филот врз целата нејзина површина. Завиткајте ролат и сечете парчиња со дебелина од околу 2см. Редете ги парчињате во модлите и оставете околу 15-тина минути да нараснат па премачкајте ги со изматеното јајце. Одозгора наросете сусам или ким и ставете да се печат околу 25 минути.
Кога ќе бидат готови, оставете ги околу 5 минути да отстојат во модлите па потоа вадете ги и послужете со јогурт.
Лиценца: Сите права се задржани
- ќе донесам нешто солено, бидејки благо кај тебе има секогаш повеќе од доволно.
тогаш сфатив дека всушност сум повеќе мераклија на приготвување благо од колку солено. дури тогаш!
ова според декорацијата може да пројде како благо :) :) :) :)