Роденденска чоколадна торта
Најпрво се подготвува филот.
Во тенџере се става млекото со шеќерот, чоколадата, какаото и 50 грама маргарин се меша убаво да се стопат состојките. Кога ќе почне да врие се трга настрана да се излади.
Белките се бијат пенесто со шеќерот, потоа се додава брашното измешано со пецивото и бисквитите и на крај се додаваат 3-4 лажици од изладената смеса се меша убаво да се соедини смесата и се истура во плех или округло тепсивче обложено со хартија или намрсено со масло и брашно. Се пече на 180 степени 30-35 мин.
Откако ќе се излади се сечи на половина.
Во еден сад се матат жолчките со 3 лажици шеќер и се трга настрана. Во друг сат се бие маргаринот со шеќерот во прав потоа се додаваат жолчките се меша убаво и на крај се додава смесата се бие убаво да се изедначи смесата. Се филова тортата и на крај се украсува со рендана чоколада или чоколадни трошки. Се остава во фрижидер 2-3 часа да се стегне.
Забелешка.
Пандишпанот може да се пече во плех и да се исечи на 3 еднакви делови, а може и во оклугла тепсија во зависност колку сакате да ви биде дебел пандишпанот. Кај мене е слаб како со се гледа на сликата затоа што јас ја правев тортата со 6 јајца и може да одземате од шеќерот затоа што многу е блага тортата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Sreken rodenden:)