Роденденска ресана торта
За роденденот на татко ми се одлучив за оваа торта, која ја видов од интернет и ја направив со мали измени од оригиналот.
1. Најпрво го подготвуваме белиот фил. На оган го ставаме млекото со шеќерот, да зоврие. Претходно од млекото малку одвојуваме и го мешаме со брашното. Откако млекото со шеќерот ќе зовријат го додаваме брашното и мешаме постојано додека да се згусти филот. Го тргаме од оган ја додаваме белата чоколада и една лажица екстракт од ванила, се меша со лажица додека да се растопи чоколадото и се остава да се олади. Откако ќе се излади филот, се миксира маргаринот и се соединува со филот.
2. За црниот фил на оган го ставаме шеќерот со водата да зоврие, па откако ќе зоврие го додаваме чоколадото со оревите, мешаме добро со лажица и оставаме да се излади. Откако ќе се излади се мати маргаринот со јајцето и се соединува со оладениот црн фил.
3. За пандишпанот се матат јајцата со шеќерот, се додаваат брашното, пецивото, какаото и оревите, се промешува со голема лажица и се става во плехот од електричен шпорет да се пече на 180 степени околу 20-25 мин.
4. Испечениот и оладен пандишпан се сече на два дела. Едниот дел се премачкува со пола црн фил, па се редат ресани кој малку се потопуваат со млеко ( или во сок од портокал, како во оригиналот), па врз нив се премачкува бел фил, па пак ресани, па бел фил, па ресани, бел фил, па втората половина од пандишпанот, и потоа целата торта се премачкува со останатиот црн фил.
5. За декорацијата се матат шлаг пените со млекото и се декорира по желба. Јас одвоив малку од шлагот и додадов плава боја во прав, која ја растворив со една лажица млака вода.
Забелешка-Во мојот пандишпан не ставив ореви, немав доволни бидејќи некој од моите дома скришно се мезел од нив без да знам =) =) =), како и да е тортата се топеше во уста, преубава беше.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови