26
фев
2015
Рижото со спанаќ и лимон(посно)
Во тава на оган ставете маслиново масло да се загрее.
Додајте го сецканиот кромид и лук и пржете додека омекнат.
Потоа додајте го оризот и пржете 3-4 минути.
Додајте го и спанаќот исцепкан на мали парчиња.
Пропржете уште 1 минута, па налејте 3 црпалки топла вода, зачинете со куркума, мешан сув зачин и црн бибер.
Промешајте и во текот на готвењето постепено додавајте по потреба топла вода.
При крај додајте го сокот од исцедениот лимон.
Послужете го топло.
Лиценца: Сите права се задржани