Во тава на оган ставете масло и додајте ги сецканиот кромид, сецканите шампињони, и ренданиот морков.
Пржете додека омекнат потоа додајте го оризот и магдоносот. Зачинете и кратко пропржете. Додајте во тавата 2-3 црпалки топла вода и со повремено мешање варете го рижотото. По потреба постепено додавајте топла вода.
Во блендер ставете го кратко обарениот спанаќ и убаво изблендирајте го, а потоа додајте го во тавата со ориз.
При крај додајте го пармезанот и путерот. Промешајте додека се растопат и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани