Подготовка

Во тава за пржење ставете ги шампињоните со малку маслиново масло и пржите ги неколку минути.

Потоа, во друго тавче со малку маслиново масло ставете ги сецканиот кромид и орозот. Пржите неколку минути. Овде додадете го белото вино и почекајте да изврие. Потоа, додадете зовриена вода со една коцка за супа и кога ќе се свари оризот ставете малку путер и црн бибер.

Оризот ставете го во чинија, додадете ги печурките, димениот лосос и руколата која одлично се вклопува со рижото. Може да додадете и малку лимон, маслиново масло.

Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани