
Солена тортичка со димен лосос
Солена, вкусна и декоративна тортичка која се подготвува многу едноставно.
1. Димениот лосос и урдата се пасираат со рачен пасатор. Се додава растопениот путер, павлаката, сол, бибер и сокот од лимон. Убаво се меша.
2. Желатинот се подготвува според упатството на кесичката. Се додава во смесата со лосос и убаво се меша.
3. Крекерите се ситнат и се мешаат со 5-6 лажици путер. Смесата се става на дното на калап со димензии 18 см. и се остава во фрижидер околу ½ час.
4. Потоа врз него се става смесата од димен лосос и сирење.
5. Се остава убаво да се олади во фрижидер, потоа се вади од калапот и се служи
*многу е вкусно и како намаз, послужено со препечени лепчиња, павлака, копар и во тој случај во смесата не мора да додавате желатин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови