‘Ржан леб што не се меси
Во еден сад помешајте ги двата вида брашно со солта, сувиот квасец и зрната ким. Додајте ја водата и измешајте со дрвена лажица сите состојки да се соединат и да нема грутчина суво брашно. Ќе добиете едно грубо нехомогено тесто кое треба да го преместите во поголем пластичен сад со капак. Затворете го и оставете го во фрижидер, барем 24 часа. Вака направеното тесто може да го чувате во фрижидер и цела недела.
На денот кога ќе го печите лебот извадете го тестото од фрижидер и на работната површина премесете го кратко преклопувајки го неколку пати. Тестото ќе биди сосема мазно и еластично. Поделете го на два дела и формирајте векни по ваша желба. Се остава да стаса 1 до 1 1/2 час, додека векните не се удвојат.
За тоа време загрејте ја рерната на 250 Ц.
Кога тестото е стасано во еден мал сад помешајте го нишестето со водата и ставете во микробранова 1 мин. на најсилно. Промешајте ја добиената течност и со нејзе премачкајте го лебот. Посипете одозгора зрна ким, направете неколку засеци на горната површина и печете ги векните некаде околу половина час, додека дното не звучи шупливо, не добијат убава боја или термометарот за храна не ви покаже температура 96 Ц.
Оладете го лебот на решетка, покриен со крпа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Diana, mozi, kazi adresa :), Klara ke dojdi tuka da degustira :))
A ova e mnogu blagodaren recept, oti ne moras ni da go pecis odednas, tolku kolku ti treba, ostatokot si stoi vo frizider i "te ceka" :)
Dali bi imalo nekakov problem ako bi go napravila so integralno brasno namesto so 'rzano koe sto go nemam momentalno a, imam pogolema kolicina od integralnoto za trosenje! Ti blagodaram za receptot, obozavam domasno podgotveno lepce! Cao!