Го просејуваме брашното и го ставаме во сад за месење. Правиме кратер на средина. Квасецот го раствораме во мал дел од водата. Го додаваме во брашното и со водата замесуваме средно тесто. Оставаме тестото да се дуплира околу 40 минути.
Го размесуваме и го оставаме уште еднаш да стаса. Загреваме плекче од рерна, го посипуваме малку со брашно и не мора. Од тестото правиме лепчиња големина и број по желба. Ги ставаме во плекчето и оставаме да стасаат. Лебот го печеме на околу 200 степени 45 минути.
Кога е испечен го покриваме со крпа да истине и омекне. Овој леб е многу вкусен. Ви го препорачувам. Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани