Рендан колач
Рецепт без многу компликации и со состојки кои во секое време ги имаме дома.
Стоплете ја водата, додадете малку од шеќерот во неа и ставете го квасецот да се активира.
Останатиот шеќер и маслото ставете ги во сад за месење, па кога ќе биде активиран квасецот, ставете го и него, промешајте ја целата смеса колку да се растопи шеќерот.
Потоа постепено додавајте од брашното и замесете тврдо тесто.
До кој степен да додавате брашно најлесно ќе проверите ако успеете да оформите топче, колку дланката, кое не се распаѓа. Ако сте ставиле премногу брашно, може да ставите малку вода и да месете уште кратко.
Вака замесеното тесто поделете го на два дела и оставете го да одмори 5 минути.
За тоа време тавчето во кој ќе печете намрсете го со малку масло и на дното, но и по страните.
Од тестото направете топчиња кои ќе ги рендате на крупната страна од рендето, по целата површина во тавчето.
Кога ќе го оформите првиот слој, врз него ставете го мармаладот и оревите, па изрендајте ја другата половина од тестото.
Печете во претходно загреана рерна на 170 степени 30-45 минути, зависно од каква боја сакате да добиете, златесто светла или пак потемно златно-кафена. Едноставно проверете.
Откако ќе се испече оставете го колачот да се олади, па обилно нанесете шеќер во прав.
Напомена
-Најважно е кога ќе го рендате тестото, тоа да го правите по целата површина, а не на купче, па да го разнесувате со раце. Исто и кога ќе го ставите мармаладот многу нежно, просто како да го галите, размачкајте насекаде. Многу е важно да не се сплеска тестото, туку да остане воздушесто и ровито.
-Откако ќе се испече, оставете да се олади, па потоа исечете го со тенко, остро ноже, бидејќи дури е се уште топол, колачот многу лесно се распаѓа. Ако веќе мора да го сервирате, вадете ги парчињата со помош на широка шпатула.
-Мармаладот што ќе го користите, препорачувам да не биде од оние со киселкасти вкусови, но сепак изборот го оставам на Вас.
Толку со филозофии!
Навалете!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Малку реванш,да Ве потсетам и на мене,ме нема некое време тука,па да не ме изумите :)))
Поздрав
Moze ti zaboravi, ama jas uste pomnam za mojot "biznis predlog" :)))
Бизнис предлогот не сум го заборавила,ама уште леб треба да јадам за да сум му дорасната!:)
Затоа го ставив и по ова име.
Фала ти многу!!!
Receptot super a i slikata-ne gabe ne merkas od avatarot:)
Cestitki i za rd:)
Тука сум,ама од нога следам,се некако не наоѓам време за повеќе,па колку да не пропуштам фрлам по некое окце.А рецептот за колку да не ме заборавите :)))
П.С.Долета до мене еден инфрматор Ваш од Биокулт,па мора да те пофалам и тебе и останатите од редакцијата,супер изработено со многу информации корисни,па продолжете така,а гледам и рецепти со здрава храна сте објавиле.
фоткава за во списание! <3
a рецептов ќе се проба можеби и денес дури ;)
само да видам дали некое слатко е останато или цел подрум сме го испразниле :) :) :) :)
Штом не стави слика до сега сигурно сте изеле се по дома :):):)
Поздрав и пиши ако најдеш некоја заборавена тегла
Поздрав
znaci CESTITKI:)
а свекрва ми знаеш како вели-Кога ќе ве види човек како со мерак јадете,просто му иде само да ви готви :)))
До душа колачот е од нејзината тетратка,па така и она исто беше пресреќна како и мене!
Поздрав
Поздрав до Вас!!!