Редена баклава со пециво
Подготовка . Прво го спремаме преливот:
Во еден сад додаваме газирана вода, шеќер, масло и пециво мешаме да се стопи шеќерот. Земаме една кора и ја ставаме во подмачкано плекче со масло, ја попрскуваме со преливот и посолуваме со ореви. Врз неа ставаме друга кора ја препрскуваме со преливот и посолуваме гриз, редиме пак кора, препрскуваме со преливот и ставаме мак и се така редиме додека не ги потрошиме сите кори. Врз последната не ставаме ништо само го полеваме сиот прелив што ни останал да впие и ја сечеме баклавата на коцки, оставаме еден час да појде баклавата и потоа ја печеме претходно заграна релна. Кога ќе е готова баклавата ја полеваме со ладен шербет претходно подготвен .
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Baklava pravam samo sucena, ama sega, vo krizna situacija, ako mi pokloni nekoj, Dijana ili Daniela barem parce, ke bidam prezadovolna :)))
Dijana, baklavata ti izgleda mnogu ubavo!