1 и 3 кора
Се матат жолчките со шеќерот, а потоа со лажица се додаваат оревите, бисквитите и брашното. Се меша полека и на крај се додава снег од белките. Смесата убаво се изедначува и се пече во плех од шпорет бр 40.

2 кора
Белките се матат во цврст снег а потоа им се додава шеќерот и повторно се мати. На крај се додава кокосот измешан со брашното и се пече-се суши кора во истиот плех

фил 1

Се вари пудингот во млекото и усте додека е топол во него се ставаат исецканите суви кајсии. Одкако ќе се олади се меша со изматениот маргарин со шеќерот во прав и се добива прекрасен крем

Фил2
Водата, шеќерот, какаото и чоколадата се топат и се остава да проврие. Кон оладената смеса се додава маргаринот со шеќерот во прав и една лажица рум или неколку капки екстракт.

Најдоле се става 1 кора, па се филува со филот со кајсии, над неа иде кората со коко, па се става чоко филот и 3 кора, па малку од чоко филот, колку да се фати шлагот. Одозгора се декорира по желба кај мене тоа беше гитара
Тортата е доста голема и со посебен вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела