Равиоли со цвекло
Подготовка
За да го направите тестото измашајте ги сите состојки потребни за тестото. Мешајте со рака по потреба додајте уште малку брашно, затоа што треба да добиете меко, а не лепливо тесто.
Тестот го расукувам со помош на машинка за тесто.
Подготовка на филот
Крем сирењето го мешаме со ситно сецкано каре, рендан кашкавал, ситно сецкани маслинки и павлаката. Убаво мешаме и во нив додаваме магданос, оригано и мешан зачин. Ги полнам равиолите вака подготвени морам да напоменам дека треба да се залепат со помош на четка се мачкаат краевите со жолчка и нежно се притискаат.
Подготвените равиоли сварете ги во врела вода полијте ги со маслиново масло, рендан пармезан или сос по ваш избор. Заборавив да напоменам дека цвекло во тесто е моја идеа ако не ви се допаѓа може да не го ставате.
Лиценца: Сите права се задржани