Раванија со крем
Јајцата се бијат со шеќерот, се додаваат течните состојки, па сите други освен оревите. Настрана во сад ставете ги мелените ореви и додавајте од основната смеса, да се добие густа смеса од која ќе можи да се ,,испуштат,, топки.
Тркалезна тава бр. 30 ја премачкуваме со масло и брашно, се излева жолтата смеса, наоколу и низ тепсијата направете топки колку мислите низ раванијата, за подоцна исеченото парче да има поинтересен изглед.
Се печи на 180 во рерна, млака кекса се полева со топол шербет, кој се вари како и најчесто едно 10 минути сметано од времето кога ќе започне да вари. Нека отстои некој саат да се излади и впие од шербетот.
Најгоре се става шлаг пена подготвен по упатство на кесичката. Во оригинал рецептот има уште и 50 гр. суво грозје, јас не ставам, а вие како сакате
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови