Путер штрудла со вишни
Прекрасна, миризлива, вкусна штрудла. Вишните се свежи, но секако можете да ја направите и со замрзнати.
За една штрудла потребни ви се две кори.
Најпрво измешајте ја презлата, шеќерот и исечканите лешници.
Ставете две кори една врз друга и на крајот најпрво ставете од мешавината, па одозгора наредете ред вишни. Завиткајте во ролат и така направете со преостанатите кори. Ако се многу тенки, можете и од три кори да правите ролати.
Кога се сите наредени во тавата во која ќе печите најпрво пресечете ги на парчиња по ваша желба па стопете го путерот (ако ви е многу јака миризбата од путерот, можете да ставите пола путер, пола маргарин) и прелијте го врз штрудлите.
Печете во загреана рерна на 200 степени се додека не добие убава златеста боја.
Лесно, брзо, а мнооогу вкусно.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови