Во тенџере на оган ставете ја ренданата тиква со путерот.
Додадете го шеќерот, ванилата и морското оревче.
Пржете ја тиквата додека не се стопи шеќерот.
Прелејте ја со млекото и оставете да се вари и згусне.
Кога е готово, оставаме да се излади.
Во друг сад ги кршиме јајцата и ги матиме додека не се згуснат. Ги додаваме во садот кај тиквата.
Корите ги распостиламе на работната маса.
Редиме една кора, па попрскуваме масло.
Редиме уште една кора, на втората кора ставаме масло и фил од тиква.
Ги завиткуваме краевите да не истече филот и виткаме во ролат. Ги редиме корите во тавче за печење кое е премачкано со масло.
Попрскуваме одозгора со масло и печеме околу 30 минутки.
Нека излади и ечеме на парчиња.

Попрскуваме со шеќер во прав.
Можете да ја приготвите и редена.
Две кори напрскани масло, па фил од тиквата. Повторувајте ја постапката додека
имате фил.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови