Лесна и брза путер торта
Загрејте ја рерната на 200 степени. Плех 20 х30 или округл со дијаметар 24 см. оболожете го со хартија за печење.
Путерот изматете го пенасто со шеќерот. Потоа додадете ги јајцата, накратко измешајте. Додајте ги брашното, пецивото, ванилиниот шеќер и млекото. Измиксајте на кратко се да се спои. Смесата сипете ја во плехот израмнете и ставете да се пече. Печете додека убаво порумени и е печена внатре(пробајте со чепкалка).
Извадете ја и оставете ја да се излади. Пресечете ја на половина филувајте со мармалад, ставете ја другата половина, нанесете шлаг и посипете со кокос. Сечете парчиња по желба.
Фил и не мора, но може и друг фил по желба. Одличен колач за со кафе,чај или млеко. =)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови