Лесна и брза путер торта
Состојки
- 1 чаша од 250 мл. шеќер
- 2 чаши брашно
- 1 пециво
- 4 јајца
- мармалад по желба за премачкување
- 250 мл. изматена слатка павлака за украсување
- 3 лажици кокос за посипување (по желба)
- 250гр путер (на собна температура)
- 125мл млеко
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Плех 20 х30 или округл со дијаметар 24 см. оболожете го со хартија за печење.
Путерот изматете го пенасто со шеќерот. Потоа додадете ги јајцата, накратко измешајте. Додајте ги брашното, пецивото, ванилиниот шеќер и млекото. Измиксајте на кратко се да се спои. Смесата сипете ја во плехот израмнете и ставете да се пече. Печете додека убаво порумени и е печена внатре(пробајте со чепкалка).
Извадете ја и оставете ја да се излади. Пресечете ја на половина филувајте со мармалад, ставете ја другата половина, нанесете шлаг и посипете со кокос. Сечете парчиња по желба.
Фил и не мора, но може и друг фил по желба. Одличен колач за со кафе,чај или млеко. =)