Путер пржени крофни
Затоплете го млекото и ставете го во длабок сад. Додајте ги квасецот и шеќерот. Добро изматете со маталка. Додајте половина од брашното (350 гр) и промешајте.
Изматете ги јајцата и додајте ги во смесата, добро промешајте. Ставете го во садот и остатокот од брашното и мешајте за смесата да се соедини. (Доколку смесата која ќе ја добиете е премногу леплива, тогаш можете да додадете уште околу 50 гр брашно.)
Набрашнете го тестото, покријте го со чиста крпа и оставете го околу 20 минути на топло место, додека да порасне.
Откако ќе стаса тестото, размесете го тестото и развлечете го за да направите кора со дебелина од околу еден сантиметар.
Со калап за крофни или со чаша исечете кругови и наредете ги на набрашнет плех или чиста крпа. Покријте ги со крпа и оставете ги да отстојат околу 20 минути.
Пржете ги крофните на тивок оган. Ставете ги крофните да се пржат наопаку, односно горе да биде страната на која лежеле додека отстојувало тестото. Во составот на крофните ја забележувате ракијата која ја одбива впивливоста на маслото додека се пржат.
Откако крофните ќе добијат златна боја, извадете ги од маслото и ставете на кујнска хартија за да се впие вишокот масло.
Готовите крофни поросете ги со шеќер во прав. Декорирајте со чоколаден прелив или глазура за торта. По желба, можете со шприц да ги наполните со чоколаден крем или џем.
Лиценца: Сите права се задржани