
23
апр
2013
Проја со сода и мортадела
Во длабок сад ставете го белото брашното, содата, солта и маслото.
Убаво измешајте со жица за матење.
Додајте ги јајцата, млекото и пченкарното брашно.
Убаво измешајте и додајте ја мортаделата исечена на тенки ленти и рикотата.
Убаво измешајте со лажица додека смесата се соедини.
Во правоаголен плех ставете хартија за печење и исипете ја смесата рамномерно низ целиот плех.
Печете на 180 степени, 40 минути.
Ако сакате да ви излезе пројата пожолта ставете пола лажичка сода.
Јас бидејќи го обожавам мирисот и вкусот на содата си ставам по цела лажичка.
Истава проја ја имам правено и со чадени колбаси и тврдо сирење и е подеднакво вкусна.
Послужете со јогурт или павлака.
Лиценца: Сите права се задржани
Fala Kate