
8
окт
2012
Пирошки со мортадела и моцарела
Од состојките за тесто замесете тесто и оставете го да стаса.
Од стасаното тесто расукајте долгнавеста правоаголна кора и исечете ја на коцки(големината е по желба зависно од тоа колкави сакате да ви се пирошките).
На секоја коцка ставете парчиња мортадела и моцарела и завиткајте ги во пирошки.
Вака подготвените пирошки оставете ги да стасаат уште малку, а потоа валкајте ги во белки од јајце и презла.
Пржете ги во поголема количина на масло.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови