26
окт
2014
Пржени банани
Во длабок сад ставете ги јајцата, млекото, маслото и шеќерот, и промешајте со голема лажица или жица за матење. Додадете ги останатите состојќи, повторно промешајте за да нема грутки.
Сечете ги бананите на подебели тркалца и извалкајте ги во смесата и пржете ги во поголема количина на масло.
Откако ќе се испржат извадете ги во чинија и посипете со шеќер во прав.
Забелешка
Во смесата може да додадете и лажичка цимет за поубав вкус. Во оригиналниот рецепт се пржеа во фритеза, така да доколку имате слободно пржете ги во неа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Поздрав луна :)