Подготовка
1. Палачинките ги подготвуваме по сопствена мерка и вкус.
2. Сланината ја сечкаме на коцки и ја пропржуваме. Ја оставаме малку да олади.
3. Краставичките ги сечкаме на мали коцки.
4. Урдата, јајцето, солта, краставичките и сланината ги соединуваме.
5. На секоја палачинка ставаме од филот и ја виткаме во ролна. Ги редиме во тавче.
6. За преливот ги соединуваме јајцата со киселата павлака. Зачинуваме по желба и вкус или само со сол.
7. Ги прелеваме палачинките и рендаме кашкавал врз преливот.
8. Ги печеме на 200 степени во загреана рерна, а на 180 степени ако рерната ни е со вентилатор, околу 15-20 минути или додека да поцрвенат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани