![Предјадење од камембер со лук](https://moirecepti.mk/content/uploads/2021/01/134810243_431177788026075_762425095689965230_n-9cb75e-800x600.jpg)
Предјадење од камембер со лук
Одлично предјадење,го снемува за час.
1. Прелив од лук
Главиците лук ги сечеме на половина и по една ставаме во керамички сад(можете и сите состојки во еден поголем сад).
Додаваме путер, гранчња рузмарин, ловоров лист и наросуваме бибер. Полеваме со медот и нанесуваме маслиново масло. Вака подготвени садовите ги ставме во загреана рерна на 200 степени и печеме 40 минути.
2. Десет минути пред крај во рерна го ставаме камемберот и оставме да се стопи(10 мин).
Лебот го тостираме неколку минути.
Од топениот камамбер мачкаме на леб и земаме од лукот кој исто така го премачкуваме врз лебот и уживаме во одличниот вкус.
Се јаде веднаш додека е топло.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови