Предјадење од камембер со лук
Состојки
- 250 гр камембер
- 2 главици лук
- 2 гранчиња рузмарин
- 100 гр путер
- 100 гр мед
- 4 ловоров лист
- мелен бибер
- 300 мл маслиново масло
- парчиња леб
Подготовка
Одлично предјадење,го снемува за час.
1. Прелив од лук
Главиците лук ги сечеме на половина и по една ставаме во керамички сад(можете и сите состојки во еден поголем сад).
Додаваме путер, гранчња рузмарин, ловоров лист и наросуваме бибер. Полеваме со медот и нанесуваме маслиново масло. Вака подготвени садовите ги ставме во загреана рерна на 200 степени и печеме 40 минути.
2. Десет минути пред крај во рерна го ставаме камемберот и оставме да се стопи(10 мин).
Лебот го тостираме неколку минути.
Од топениот камамбер мачкаме на леб и земаме од лукот кој исто така го премачкуваме врз лебот и уживаме во одличниот вкус.
Се јаде веднаш додека е топло.
На здравје!