16
јул
2015
Предјадење од зеленчук-Паунова опашка
Декоративно ладно предјадење.
Прво црниот домат се мие и се сече на парчиња.
Се посолува и така нека одстои 15 минути да ја испушти горчината.
Потоа се редат на хартиени салфети круговите црн домат.
Се валкаат во брашно, па се пржат на загреано масло од двете страни.
Се редат врз хартиени салфети.
Во еден сад се соединуваат фета сирењето и павлаката.
Ставете зачини по ваш вкус.
Секое парче домат се премачкува со овој дип-намаз.
Врз него се става по едно кругче краставичка, црвен домат, парче маслинка, магдонос.
Оставете го во фрижидер 30 минути и сервирајте.
Лиценца: Сите права се задржани