Испечати

Предјадење од зеленчук-Паунова опашка

Предјадење од зеленчук-Паунова опашка

Состојки

  • 1 црн домат поголем или 2 помали
  • 1 помала краставичка
  • 1 црвен домат
  • 3-4 црни маслинки
  • 100гр фета сирење
  • 1лажица кисела павлака
  • сол по вкус
  • 50гр брашно за пржење на ц. домат
  • 50мл масло

Подготовка

Декоративно ладно предјадење.

Прво црниот домат се мие и се сече на парчиња.
Се посолува и така нека одстои 15 минути да ја испушти горчината.
Потоа се редат на хартиени салфети круговите црн домат.
Се валкаат во брашно, па се пржат на загреано масло од двете страни.
Се редат врз хартиени салфети.
Во еден сад се соединуваат фета сирењето и павлаката.
Ставете зачини по ваш вкус.
Секое парче домат се премачкува со овој дип-намаз.
Врз него се става по едно кругче краставичка, црвен домат, парче маслинка, магдонос.
Оставете го во фрижидер 30 минути и сервирајте.