Најпрвин го чистиме празот, го миеме и сецкаме поситно. Ги сецкаме и пиперките. Додаваме 7 лажици зејтин и солта и го пржиме празот додека убаво да омекне околу 30 минути.
Во друго тавче го ставаме меленото месо и остатокот од зејтинот,  а по потреба може да се додаде плус, му додаваме зачини и го пржиме десетина минути. Кога празот е доволно омекнат го префрламе во сад за печење, го додаваме месото и промешуваме.

Во садче го раствораме брашното и црвениот пипер и го истураме во садот за печење. Добро го промешуваме со месото и празот. Печеме на 200 степени околу 30 минути колку да ни фати малку корка јадењето одозгора.
Јадењата со праз кај мене дома се омилени и ова е едно од нив. Се надевам ќе ви се допадне ова вкусно јадење. Добар апетит.

Напомена.
Доколку не сакате, брашно и црвен пипер не мора да додавате. Може и така и како што е запишано погоре.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани