Празнични домашни равиоли
На работна површина ставете го брашното.
Направете отвор на средината и додајте ги јајцата и концентратот од домати.
Замесете тесто и завиткајте го во најлонска фолија.
Оставете го тестото да отстои во фрижидер неколку часа.
Од тестото расукајте голема тенка кора.
На помали растојанија нанесете од филот.
Околу секој дел каде е филот премачкајте ја кората со вода и преклопете ја кората.
Со прсти убаво со притискање истиснете го воздухот околу делот кај што е филот и исечете на коцки.
Со вилушка притиснете ги коцките од сите страни.
Отакако ќе ги направите равиолите ставете ги да отстојат во фрижидер околу 1 час(може и повеќе, така поубаво ќе се исушат).
Во поголема количина солена зовриена вода ставете ги равиолите да се варат.
Во меѓувреме во тава ставете го путерот да се топи, додајте ги и ливчињата жалфија и сецканите ореви.
Мешајте додека оревите се подзапржат.
Сварените равиоли додајте ги во тавата.
Промешајте и послужете ги топли.
На здравје.
Лиценца: Сите права се задржани