Домашни равиоли со праз и спанаќ
Превкусни домашни равиоли подготвени во мојата кујна... Си бараат и време и љубов ама крајниот резултат е неспоредлив со оние што ги купуваме...
Подготовка
1. Го замесуваме тестото за равиоли. Го виткаме во најлонска фолија и го оставаме 30 минути во фрижидер.
2. За филот ги соединуваме состојките во Нутрибулет. Смесата треба да ни е густа. Празот може многу ситно да го насечкаме и да го ставиме во филот или пак и него да го изблендираме.
3. Тестото го расукуваме на тенки ленти или го поминуваме низ рачна машина за подготовка на јувки и други тестенини.
4. Го ставаме врз калапот за равиоли, малку го притискаме тестото да се направат вдлабнатини, па ги полниме со по една мала лажичка фил. Од страните на тестото околу филот премачкуваме со вода. Го покриваме со друго тенко расукано тесто, поминуваме со оклагија(сукало) фактички ги сечеме равиолите и ги тргаме на страна. Така додека да ни се потроши тестото и филот.
5. Равиолите ги вариме во солена вода околу 8-10 минути во зависност од тоа колкава им е дебелината. Кога ќе излезат на површина ги вариме уште некоја минута. Пробајте ја првата сварена равиола и ќе го знаете времето што ќе им е потребно за варење.
6. За преливот ги ставаме состојките во Нутрибулет и ги соединуваме.
7. Ги сервираме и ги прелеваме со преливот кој сме го подготвиле со соединување на состојките. Густината на преливот сами си ја одредуваме.
Забелешка
Ако немате калапи за равиоли постапката ја правите така што на расуканото тесто ставате на одредено растојание фил, па го покривате со тесто. Ги сечете со алатка или нож. Пред спојување на тестата околу филот со силиконска четка поминете со вода за да подобро се залепат.
Лиценца: Сите права се задржани
И твоиве равиолчиња,преубавки.
Odlicni
I jas imav nekoja idea, da pravam ravioli so fil od slanina, praz, sirenje...
Ama zakociv....
Tri dena ke drzam inaet, a posle ke vidime, haha
Drugo kalap nemam, jas sucam kori...
Ti pofraerka si so kalapive
Kaj gi pronajde?
Mn interesni
Tuka negde sme so vkusovite Vale