Подготовка:

1. Се прави бисквитот. Се матат јајцата со постепено додавање на шеќерот. Кога убаво ќе се измати се додава маслото, млекото и брашното во кое се ставени пецивото и ванилата. Се печи во било каков плех на 200С-25мин. Се лади тестото и се дроби-кине на ситно.
2. Во дробеното тесто се става мармаладот и млекото и се меси со рака за да се изедначи смесата. Може по желба да се додадат мелени ореви.
3. Сега се формираат бомбици кои се ставаат 30мин во замрзнувач и потоа се вадат и во нив се става по едно стапче од ражниче. Сега секое топче се прелива со чоколадо и се украсува со украсни трошки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани