Водата ставете ја да зоврие и откако зоврела додајте ги овесните снегулки, сувото грозје и брусницата. Измешајте ги и оставете ги да варат на среден оган додека испари водата, некои 3-5 минути.
Смесата тргнете ја од огнот и турете ја во една чинија. Одма одозгора нанесете го медот и оставете малку да под излади, да биде млака.
Додека се лади лешниците ситно исецкајте ги, а бананата и јагодите на кругчиња.
Распоредете ги над овесните снегулки и послужете се.
Од оваа количина на состојки може да се направи една голема порција или две мали. Затоа, спрема вашите потреби количината може да си е менувате.
Буон аппетито! -)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани