
23
мај
2015
Поширани јајца
Ова не е рецепт, ами една идеја за спремање на поширани јајца во апаратот за јајца.
Едноставно скршете ги 3те јајца и во двете прегради ставете по една жолчка со дел од белките, а во останатите 2 распоредете го остатокот од белките.
Во секое вметнете по неколку ливчиња ситно сецкан спанаќ, магдонос, па и морков ако сакате и одозгора посолете. Јас во некои ставив од Крем сосот од спанаќ, преубаво се вклопува, чисто задоволство во комбинација.
Лиценца: Сите права се задржани